Фудбал
Милан подготвува 50 милиони за талентираниот напаѓач
Милан покажува силен интерес за талентираниот напаѓач на Арсенал, Фоларин Балогун.
21-годишниот младински репрезентативец на Англија оваа сезона беше на позајмица во Ремс и блескаше во Лига 1.
Балогун на 28 натпревари досега постигна 17 гола и 3 асистенции, што покажува дека е еден од најталентираните напаѓачи во Европа.
Тој ќе се врати во Арсенал на лето бидејќи е под договор со Топџиите до 2025 година, но Милан сака да го ангажира.
За овој трансфер е заинтересиран и самиот играч кој смета дека нема да добие голема минутажа во Арсенал, но Топџиите бараат 50 милиони евра за неговите права.