Милан преку Босманово правило се надева на три големи засилувања

Италијанскиот тим Милан се надева дека ќе успее бесплатно да ги добие услугите на три големи и искусни фудбалски имиња. Според Босмановото правило, во јануари, на шест месеци пред истекот на договорот Лука Модриќ, Немања Матиќ и Лајвин Курзава ќе можат да преговараат со кого сакаат, а потоа во јуни за нула евра да го сменат клубот.

Токму на тоа се надеваат раководството на Милан, а според информациите директорите Звонимир Бобан и Паоло Малдини веќе почнале да работат за ангажирање на овие тројца фудбалер.