Connect with us

Фудбал

Милан продолжува да работи на трансфер пазарот, привлекувајќи американски интернационалец

Милан е еден од најактивните тимови на трансфер пазарот по завршувањето на сезоната во Италија. „Росонерите“ го доведоа голманот Марко Спортиело, како и со Рубен Лофтус-Чик и Даичи Камада. Покрај тоа, Милан работи на привлекување на уште многу фудбалери, а еден од нив е и Јунус Муса.

Росонерите веќе работат на привлекување на американскиот интернационалец. Милан и понуди на Валенсија 17 милиони евра за трансферот на Муса, а договорот се очекува да биде реализиран бидејќи „лилјаците“ се задоволни од понудата.

Јунус Муса е една од приоритетните трансфер цели на Милан. 20-годишниот играч за врска е младински играч на Арсенал, а од 2020 година е дел од Валенсија. За шпанскиот тим одигра 108 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 5 гола и даде три асистенции. Муса има и 24 натпревари за репрезентацијата на САД.