Connect with us

Фудбал

Милан против Лече со 50 илјади фанови, но и протест против тренерот Пиоли

Милан игра очајно сезонава, а токму заради тоа Џампаоло доби отказ, а на негово место беше ангажиран Стефано Пиоли. Според италијанските медиуми вечерва на „Сан Сиро“ ќе има 50 илјади навачи, но голем дел од нив ќе се приклучат на протестот на навивачката група на клубот поради назначувањето на новиот тренер Пиоли.

Тие негодуваат и не го сакаат на клупата, бидејќи не веруваат во неговите способности. Новиот тренер Пиоли вечерва ќе дебитира и мора веднаш да придонесе за екипата да освојува бодови, но нема да му биде лесно, особено голем е притисокот од фановите.

Натпреварот се игра вечерва со почеток во 20:45 часот.