Connect with us

Фудбал

Милан со 30 милиони евра тргнува по Елиф Елмас?!

Според турскиот весник „Акшам“, италијанскиот гигант Милан ќе се обиде да го ангажира македонскиот „дијамант“ Елиф Елмаз. Според истиот весник, „Росонерите“ за таа цел се подготвени да издвојат 30 милиони евра.

Елмас откако дојде во Наполи од Фенербахче за сума од 17 милиони евра постојано напредува и добива позитивни критики од италијанските медиуми. Дали првиот човек на Наполи Де Лаурентис ќе се одлучи да го продаде 20-годишниот македонски фудбалер, останува да се види.