Connect with us

Фудбал

Милан со сите сили се обидува да го донесе Ракитиќ

Милан работи напорно за привлекување на играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, пренесува „Мундо Депортиво“.

Според најновите информации, спортскиот директор на тимот Звонимир Бобан лично ја преземал задачата да го убеди својот сонародник да пристигне на „Сан Сиро“ и да му помогне на тимот да се врати на нозе во наредните неколку сезони.

Името на Ракитиќ е силно поврзано и со другиот голем тим од Милано – Интер.

Во секој случај, Барселона ќе се раздели со него во јануари, како што е и желбата на самиот фудбалер.