Connect with us

Фудбал

Милевски го повика Дориан Бабунски за натпреварите со Ерменија и Исланд!

Дориан Бабунски, кој сезонава игра во добра форма во бугарската лига и има дадено 6 гола, од кои вчера постигна два, доби повик во националниот тим на Македонија за квалификациските мечеви со Ерменија и Исланд.

Бабунски добива дополнителен повик откако вчера во турското првенство се повреди Адис Јаховиќ и нема да може да одговори на повикот на Милевски за последните два квалификациски натпревари.

„Ова е огромно признание за неговата работа во текот на целата година во Ботев Враца! На сите наши играчи кои ќе бидат со националните тимови им посакуваме успешни натпревари и враќање без повреди“, порачаа од клубот Ботев Враца, за којшто игра Бабунски.

Бабунски го привлече вниманието на селекторот Благоја Милевски, кој реши да му врачи повик и повторно да соработува со него по настапите во У21-тимот.