Фудбал
Милевски и Ристовски со самодоверба го очекуваат дуелот со Исланд
Македонската фудбалска репрезентација вечерва го одржа завршниот тренинг на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје на која утре против Исланд го игра завршниот натпревар во мундијалските квалификации.
„Не може да се каже дека за нас Исланд е најтежок натпревар, се работи за меч кој е последен и одлучува околу исполнување на нашите цели. Ама ние се подготвуваме како за сите претходни натпревари, исто и тие беа важни. Сега сме пред финална можност за пласман во баражот и тоа не ни носи притисок, туку дополнително не мотивира. Се доведовме во позиција сами да одлучуваме, среќни сме поради тоа. Полниот стадион ќе ни биде инспирација плус, нема да биде притисок. Со ладни глави и жешки срца одиме на победа. Ерменија е зад нас, ова е нов предизвик. Знаеме се за противникот, подготвени сме за тоа што не очекува. Знам дека знаат да се случат грешки на вакви мечеви, но верувам дека нема да има и ќе дојдеме до целта“ потенцираше Милевски.
Триумфот над Ерменија и одличниот резултат кој оди во наша корист што „рибарите го остварија кај Романија не остави во живот по прокоцканите шанси и загубените бодови со Исланд на гости и со Ерменија дома.