Connect with us

Фудбал

Милевски: И се извинуваме на цела Македонија, јас одлучив…

По натпреварот на „Олд Трафорд“, селекторот Благоја Милевски говореше пред медиумите.

“Сакам да се извинам на цела нација за овој голем пораз. Одговорноста е моја, јас праќам повик до фудбалерите и секако сум најодговорен. Но, на вакви моменти се покажува карактер, а јас не сум човек што се откажува во тешки моменти. Се соочивме со еден протовник кој ја покажа целата сила на овој натпревар и можеби во моментот е најдобар во Европа. Одлучија добри индивидуални потези на противникот, но пред се нашите грешки. Не сум задоволен од ниеден фудбалер, искрено, противникот не ни дозволи да сториме нешто“, изјави Милевски по поразот.

Македонија го доживеа највисокиот пораз во историјата на гостувањето кај Англија. Загуби со 0-7 од „гордиот албион“, а дополнително разочара што на овој натпревар не видовме ништо од нашиот национален тим.