Connect with us

Фудбал

Милевски: Николов работи под посебен режим – задоволен сум од момците, одговорија на задачата

„Задоволен сум како момците одговорија на тоа што како задачка им се даде. Посебно сум задоволен од тактичката дисциплина, јас сум задоволен иако имавме само два тренизни претходно. Ќе се потрудиме иако ни недостасува време за да се поправи нешто драстично, но ќе се направи детална анализа и на противникот и на нашата игра. И и други фактори кои влијаеа во натпреварот“, рече селекторот Благоја Милевски на прес конференција по натпреварот.

На новинарско прашање селекторот одговори и за тоа каква е моменталната состојба со Бобан Николов.

Бобан Николов работи под посебен режим и посебна програма. Неговата физичка подготвеност е во нагорна линија. Ќе видиме дали ќе биде подготвен за натпреварот со Романија.

Македонија вечерва одигра реми и со тоа репрезентацијата на Ерменија остана непоразена во Скопје. Следниот натпревар нашата репрезентација го игра на 5 септември, кога нашиот национален тим гостува кај Исланд во Рејкјавик, а потоа на 8-ми септември, на денот на независноста против репрезентацијата на Романија на арената „Тодор Проески“ во Скопје.