Фудбал
Милевски: Ништо не е изгубено, психолошкиот момент ќе биде најважен за Романија
„Психолошкиот момент беше пресуден. Што подетално се случи со натпреварот, ќе правиме дополнителни анализи. Мислам дека на крај Македонија незаслужени изгуби два бода, но тоа е тоа, фудбалот е тоа, одиме понатаму“, рече Милевски.
Македонија вечерва прокоцка одлична шанса за победа против Исланд, иако водевме 2-0, на крајот од натпреварот се случи пресврти па ремизиравме. Следниот натпревар Македонија го игра на домашен терен на 8-ми септември на Денот на независноста во Скопје против репрезентацијата на Романија.
„Многу е тешко кога е вака одигран натпреварот, но за жал после наши грешки индивидуални не успеавме да го завршиме мечот, фудбалот се игра до крај. Немаме ниту време, од вечерва почнуваме да се подготуваме. Во моментов никако не можам да бидам задоволен од резултатот“, додаде Милевски.