Фудбал
Милевски: Првото полувреме треба да ни биде пример за во иднина, грешките ќе ги анализираме…
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација вели дека е задоволен од натпреварот, особено од првото полувреме за кое вели дека било репер за во иднина.
„Честитки до екипата на Ерменија за одиграниот натпревар, посебни честитки за моите фудбалери покажаа како треба да се однесуваат. Посебно првото полувреме треба да ни биде пример како треба да изгледаме во иднина. Причината ќе ја анализираме во иднина за грешките а потоа и со формацијата“, рече по завршувањето на натпреварот селекторот Благоја Милевски.
Македонија вечерва одигра реми и со тоа репрезентацијата на Ерменија остана непоразена во Скопје. Следниот натпревар нашата репрезентација го игра на 5 септември, кога нашиот национален тим гостува кај Исланд во Рејкјавик, а потоа на 8-ми септември, на денот на независноста против репрезентацијата на Романија на арената „Тодор Проески“ во Скопје.