Фудбал
Милевски се извини и најави промени во националниот тим по дебаклот во Манчестер
Селекторот Благоја Милевски по синоќешниот рекорден пораз на нашата најдобра фудбалска репрезентација на еден меѓународен натпревар, доживеан од Англија во Манчестер од 7-0 ја презема одговорноста и во свои и во името на репрезенативците и се извинува на македонската јавноста.
Предводникот на црвено жолтите најави и промени во репрезентацијата.
-Секој што во иднина ќе биде повикан да го облече македонскиот дрес пред се ќе треба да се наеже што го добил повикот истакна меѓудругото Милевски на пресконференцијата по дебеклот во Манчестер на Олд Трафорд.
Селекторот воедно истакна дека и покрај поразот не размислува на повлекување бидејќи би бил најголемиот кукавица.