Connect with us

Ракомет

Милион евра, нема проблем, Вардар ќе плати и ќе игра ЛШ

РК Вардар ќе ја подмири обврската кон ЕХФ и ќе игра во Лигата на шампионите

Првиот човек на РК Вардар, Михајло Михајловски, потврди  дека клубот ќе уплати 1 милион евра сима која ЕХФ ја бара како депозит за настап на македонскиот првак во Лигата на Шампионите.

„Средства ќе се обезбедат, ќе бидат уплатени до крајниот рок и Вардар ќе игра во Лигата на шампионите идната сезона“– кратко изјавил Михајловски.

Првата рата требаше да биде уплатена до завчера, а крајниот рок за плаќање на целата сума на депозитот е 27 јули.

ЕХФ овој депозит го побара како гаранција дека ќе бидат подмирени долговите што Вардар ги имаше кон некои ракометари како неисплатени обврски од времето кога сопственик беше Сергеј Самсоненко.