Connect with us

Фудбал

Миливојевиќ заминува, легенда седнува на клупата на Црвена Звезда

Српскиот шампион Црвена Звезда ќе има нов тренер. Влада Миливојевиќ одлучи да замине, а според сите информации негов наследник ќе биде легендата на српскиот, но и европскиот фудбал Дејан Станковиќ.

-Моите планови беа да заминам по истекот на договорот летово, но тоа би бил лош тајминг за Звезда, а не за мене. Лигата на шампионите беше лош тајмнинг за мене, изјави Миливојевиќ.

Дејан Станковиќ се уште не се огласил, а раководството на тимот индиректно призна дека тој ќе биде новиот тренер. Се очекува договорот да биде потпишан на две години. Ова ќе биде деби на Станковиќ како самостоен тренер на клупата на еден фудбалски тим.

Станковиќ од 1995 до 1998 година играше за Цвена Звезда. Потоа се пресели во Лацио каде остана до 2004 година. Од 2004 година до 2013 го носеше дресот на Интер со кој во 2010 година заедно со Горан Пандев освоија „триплета“, односно домашното првенство и купот, но и Лигата на шампионите.