Connect with us

Ракомет

Милосављев најдобар за 2018 година

Ракометната федерација на Србија ги додели наградите за најдобрите поединци за изминатата 2018 година. На врвот меѓу ракометарите е голманот на Вардар, Дејан Милосављев, кој со седум гласа се пласира пред Немања Илиќ и Вукашин Воркапиќ. Младиот голман зад себе остава одлична година, во која блесна во редовите на македонскиот шампион. За него гласаа сите тренери и капитени на екипите од машката и женската Суперлига.

Милосављев е голема надеж на српскиот ракомет, а корист има и нашиот најдобар тим, кој во него пронајде одлична замена за Арпад Штербик, кој замина во Веспрем.

Најдобриот стрелец на Европското првенство во Франција, Катарина Крпеж Шлезак е најдобрка ракометарка, а Борис Ројевиќ е тренер на годината.