Ракомет
Миркуловски: Ако ја победиме Шпанија, со една нога сме во полуфинале!

„Играме со Шпанија, селекција од самиот врв. Можеби најнезгоден противник на ова ЕП, затоа што имаме слична игра и систем. Ќе биде доста тежок дуел, ќе биде израмнето до крај како и на претходните натпревари. Може ќе имаме мала предност во однос на навивачи. Доколку го победиме овој натпревар, со едната нога ќе бидеме во полуфинале. Шансите се 50/50, мора да го дадеме најдоброто од нас затоа што играме за историја“, изјави Миркуловски.