Connect with us

Ракомет

Миркуловски: Чест ми беше што 20 години играв за Македонија, ова е последен меч со многу емоции…

Популарниот Филип Миркуловски или како што сите го знаат Жути, вечерва го одигра последниот натпревар во дресот на македонската ракометна репрезентација. По завршување на натпреварот тој за јавниот сервис го коментираше тоа.

„Првичната цел е остварена, се пласиравме на СП што беше најважно. Ова беше последен меч за мене со многу емоции. Сите години, секогаш било посебно чувството кога играш за репрезентација, различно од клупските настапи. Чест ми беше што речиси 20 години играв за Македонија. Секогаш давав максимум, се надевам така ќе биде во иднина со новите играчи“.

Реклама

Facebook