Ракомет
Миркуловски: Џабе ни е Словенија ако ја немаме Црна Гора

Филип Миркуловски кој во текот на вчерашниот натпревар се здоби со повредна денеска се појави на тренинг сесијата и со сите сили го одработи онака како што треба.
Миркуловски во изјава за медиумите вели дека мора да се победи и Црна Горна, бидејќи џабе би ни била победата на Словенија.
“Добро го почнавме шампионатот, со победа против третата светска велесила Словенија. Но, утре не очекува подеднакво тешка задача против Црна Гора. Мислам дека тие вчера загубија премногу лесно од Германија чувајќи ги силите за дуелот со нас. Ако не ја победиме Црна Гора, триумфот против Словенија нема да има никакво значење. Затоа треба добро да се подготвиме и да го дадеме максимумот за уште една вредна победа”, вели Миркуловски.
Натпреварот меѓу Црна Гора и Македонија се игра утре од 20.30 часот.