Connect with us

Ракомет

Миркуловски: Ова се последни натпревари за мене и за Кире

Македонската ракометна репрезентација вечерва игра против Романија. Најискусниот во нашиот табор Филп Миркуловски вели дека посакува победа, а потоа и двомеч против Чешка во баражот за СП.

– Романија е познат противник, игравме бараж со нив во 2018 година. Се работи за еден незгоден противник, го добивме можеби најтешкиот ривал. Добро е што после подолго време ќе играме пред полна сала, се надевам на голема поодршка, вели Миркуловски, кој порачува дека овие бараж мечеви се последните за него и Кире Лазаров како играчи.

-Се надевам дека ќе одиме на двомеч со Чешка и ќе биде успешни и во тој двомеч затоа што тој ќе биде последен за мене и Кире Лазаров. Можеби постои мал притисок затоа што ќе се вратиме назад со евентуален пораз, но сите сме доволно искусни, изјави Миркуловски.

Мечот со Романија се игра вечерва со почеток во 19:00 часот. Ова е прв двомеч од т.н полуфинален бараж меч за пласман на СП. Ќе има уште еден меч, во Букурешт, а победникот од оваа двојна пресметка ќе игра финален бараж против Чешка на 13-ти и 16-ти април.