Connect with us

Ракомет

Миркуловски: Постар, ама сега сум поздрав – „Верувам во Лазаров“, вели Георгиевски

Се повлече, а по повикот од страна на Кирил Лазаров, тој повторно ќе заигра за нашата репрезентација. Филип Миркуловски иако пред три години се повлече од репрезентацијата. Серијата повреди често го одвојуваа од теренот, па плејмејкерот реши да ја заврши кариерата во националниот тим.

„Не помина толку долго од мојот последен настап, три години, може да се каже дека е кратко/долго. Се чувствувам одлично исто како да не сум направил пауза. Сè е како што беше, атмосферата е одлична, така да мислам дека во четврток ќе биде се како што треба“, изјави Миркуловски.

Гоце Георгиевски пак по настапите со Вардар се фокусира на репрезентацијата, вели има му верува на Лазаров.

„Лазаров сега е во една поинаква улога, него секако нема да биде лесно, да бидеш и играч и тренер е работа која бара доста посветеност и време. Ние се познаваме добро со Кире, заедно сме долги години во репрезентацијата. Тој дебитира баш кога играме со светски шампион, можеби е доста незгоден момент, ама ние ќе се потрудиме да му ја олесниме работата и стартот и според мене Лазаров ќе биде успешен. Секој почеток е тежок додека се прилагодиш, но мислам дека се ќе биде добро во иднина со таков човек на чело на националниот тим“, додава популарниот Џомба.