Connect with us

Ракомет

Миркуловски позитивен, корона кластер од двомечот Македонија-Данска?!

Германскиот тим Вецлар потврди дека Филип Миркуловски е позитивен на коронавирус. Како што објави овој клуб, 37-годишниот Миркуловски кој беше дел од двомечот Македонија-Данска ќе мора да оди во 14 дневен карантин. Мечот против Вецлар и Гепинген ќе се одигра.

Миркуловски во Германија отпатувал во понеделникот, веднаш му бил направен тест кој се покажал позитивен. Тој ќе биде во домашна изолација до крајот на месецот.

Позитивни тестови добија и тројца членови на селекцијата на Данска. Станува збор за Ханс Линдберг, Ласе Мелер и Јакоб Холм.

Со оглед на тоа дека вкупно четворица ракометари добија позитивни тестови по двомечот Македонија-Данска, постои шанса да има класер од овие два меча.