Connect with us

Ракомет

Миркуловски се пензионираше, РФМ му подари дрес

Најдобриот среден бек од македонската ракометна репрезентација Филип Миркуловски денеска се пензионираше со натпреварот против Чешка со кој уште еднаш нашата репрезентација се пласираше на Мундијал.

Претседателот на Ракометната репрезентацијата на Македонија на Миркуловски му подари врамен дрес како знак на благодарност за целиот труд кој тој го има дадено за Македонија.

Иако постоеше најава дека тоа ќе биде случај и со Кире Лазаров, селекторот не доби врамен дрес, како јасен предзнак дека би можело да дојде до „промена на планот“ и тој и во иднина да продолжи да го носи дресот на Македонија.