Connect with us

Други спортови

Мировски освои второ злато за Македонија на Светскиот куп во Будимпешта

Македонскиот кикбоксер Силвио Мировски го освои второто злато за Македонија на 29. Унгарски Светскиот куп во Будимпешта, Унгарија.

Во финалето во лоу кик категорија постари јуниори -71 кг, Мировски го победи и Иван Боротаји од Украина со 3:0. Претходно во полуфиналето славеше над уште еден Украинецот, Владислав Камзирчук исто така со 3:0.

Македонската репрезентација на ова натпреварување освои пет медали од кои две злата, едно сребро и две бронзи.

Претходно, златен медал на нашата земја и донесе Марија Димовска која во финалето ја совлада Тријада Антупулу од Турција со 3:0.

Антонио Трендов се закити со сребро, додека Калин Бабоски и Александар Димовски освоија бронзени медали.

Advertisement