Ракомет
Митревски: Ако ги намалиме техничките грешки, имаме шанси против Аргентина
Оптимистички расположен пред дуелот со Аргентина (вечерва од 18часот) е голманот Никола Митревски, кој истакна дека клучно ќе биде македонските ракометари да го намалат бројот на технички грешки.
– Со Аргентина сметам дека имаме реални шанси да победиме. Како и секогаш, и кога сме имале добри или лоши натпревари, голманите зависат од одбраната. Без силна одбрана, ти можеш да имаш и 15 интервенции, а тоа е бадијала. Се надевам ќе бидеме сконцентрирани, прелесно паѓавме, со една грешка или загубена топка. Доколку го избришеме тоа во нашата игра, имаме шанса да се носиме со посилни од нас. Сите играат брзо, трчаат тие, а трчаме и ние. Кој ќе направи помалку грешки, тој ќе победи, истакна Митревски.