Ракомет
Митревски и Чурлевски нема да го облечат дресот пред битолската публика
Селекторот на Македонија, Раул Гонзалез го одбра тимот кој вечерва во Битола ќе ги одмери силите против репрезентацијата на Турција.
Пред својата публика и во својот роден град нема да го облечат дресот двајцата ракометари, Митревски и Чурлевски.
Списокот кој го достави Раул се наоѓаат следниве ракометари: Борко Ристовски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Велко Маркоски, Филип Талески, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Немања Прибак, Кирил Лазаров (капитен), Мартин Велковски, Филип Лазаров, Филип Кузмановски.
Натпреварот помеѓу двете репрезентации се игра вечерва во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток до 20:15 и директен пренос на Телма ТВ.