Connect with us

Ракомет

Митревски: Можевме и поубедливо, но најбитно е што сме на Светско првенство

Ракометната репрезентација на Македонија се пласираше на Светското првенство благодарение на победата над Чешка во Скопје.

Уште една одлична партија во репрезентативниот дрес забележа Никола Митревски. Во изјава по натпреварот Митревски истакна дека разликата на натпреварот беше публиката.

„Игравме одлично и во Скопје и во Злин. Таму паднавме во последните десет минути, имавме пет разлика, човек повеќе и две одбиени топки кои не ги зедовме и се случи тоа што се случи. Разликата на реваншот беше оваа публика. Кога „паѓавме“ секогаш имавме поддршка од нив и кога ни беше најтешко и во одбрана и во напад, тие беа тука. Колку што сме ние заслужни за оваа победа, секој присутен во салата кој навиваше за Македонија, има своја заслуга за пласманот. Штета што не победивме двапати, денес можевме и поубедливо, но најбитно е што сме на Светско првенство и мирно може да се спремаме за следниот циклус во ноември“, изјави Митревски.

„Ние сме шампиони да дигнеме некого или цела екипа и да ги уништиме. Немаме трпение, не чекаме да израснеме, веднаш се бараат големи натпревари, многу голови и слично. Повозрасните се тука за поддршка за помладите кои денес одиграа феноменално“, изјави Митревски.