Connect with us

Кошарка

МКФ им ги исплати премиите на сениорите

Македонската кошаркарска федерација денеска им ги исплати ветените премии на членовите на репрезентацијата во машка сениорска конкуренција, која го освои првото место во групата во рамките на првата фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021, соопшти МКФ.

Со три победи од вкупно четири одиграни натпревари сениорите се стационираа на првото место на табелата во групата А и се пласираа во втората фаза од претквалификациите, која ќе почне да се одигрува тековната седмица, а ќе заврши во февруари идната година.

– Македонската кошаркарска федерација се надева дека наградата за постигнатиот успех ќе биде дополнителен мотив за сите членови на репрезентацијата за периодот што следува, стои во соопштението на МКФ.

Македонија в четврток му гостува на Косово, а три дена подоцна ја пречекува Романија.