Поврзи се

Кошарка

МКФ и клубовите се договорија за продолжување на рокот за котизација

По барањето на Здружението на прволигаши во врска со продолжување на рокот за плаќање на котизации, казни и лиценци за странски играчи, Македонската кошаркарска федерација (МКФ) се согласи на продолжување на рокот за првата рата најдоцна до 2 март.

Од МКФ информираат дека клубовите треба да ги подмират лиценците за странски играчи најдоцна до 30 март со обезбедена банковна гаранција за наплата до 20 април.

Клубовите да ја исплатат втората рата од котизацијата како и сите казни дотогаш изречени најдоцна до 20 април.

– Доколку Здружението на прволигаши се согласува со одлуката на МКФ рокот за доставување на банковни гаранции е 9 март.
Во случај да не се прифатат и почитуваат овие одлуки Комесарот за натпреварување ќе мора да постапи по Правилникот и Пропозициите за натпреварување односно одлуката донесена за суспензија.

Во интерес на кошарката, се надеваме дека клубовите нема да ја злоупотребат нашата попустливост и доверба во нив и нивното менаџирање и дека конечно ќе изнајдат решение за кое се задолжени со нивните функции за да сите заедно им овозможат континуитет и регуларно првенство на сите љубители на кошаркарскиот спорт, соопштија од федерацијата.

ФОТО

loading...

Повеќе од Кошарка