Connect with us

Кошарка

МКФ организатор на Европско првенство

Македонската кошаркарска федерација во 2019 година ќе биде организатор на две младински Европски првенства. По добивање на правото за организација на Европското првенство за кошаркарки до 18 години (дивизија Б), централниот одбор на Меѓународната кошаркарска федерација ФИБА на вонредна средба одлучи да ја прифати кандидатурата на МКФ за организација на уште едно првенство идната година и тоа од првата дивизија, првенство на кое нема да учествува македонска репрезентација.

  • Ова е уште едно признание за МКФ од страна на ФИБА, доказ дека во изминативе години бевме одлични организатори на ЕП од младински категории потврдено е и препознаено од ФИБА со тоа што за првпат се доделува организација на ЕП од А Дивизија (откако е воведена), а да не сме ниту учесници на истото. Се договоривме за уште една соработка, тоа е ЕП М16 А Дивизија – жени, кое воедно би било добар тест доколку во иднина се отвори можност за организација на европски па и светски првенства од највисок ранг, изјави за веб-страницата на МКФ, Моника Гаврилоска, генерален секретар на федерацијата.

Европското првенство за кадетки ќе се одигра во Скопје, во периодот од 22 до 30 август 2019 година.