Фудбал
Модриќ не ја дава „десетката“, кој број ќе носи Азар?
Големото засилување на Реал Мадрид, Еден Азар истакна дека хрватскиот фудбалер Лука Модриќ нема намера да се откаже од својот досегашен број на дресот.
Белгискиот репрезентативец Азар во четвртокот беше промовиран како нов играч на „кралскиот“ клуб, а Челзи од овој трансфер доби 100 милиони евра.
На промоцијата на „Бернабеу“ изјави дека не е загрижен што не ја добил „десетката“ од најдобриот фудбалер на светот, Модриќ. Само еден број е слободен за Азар, тоа е бројот 16.
– Зборував со Модриќ преку Ковачиќ (поранешен соиграч во Челзи, позајмен токму од Реал). Се пошегувавме и го прашав да ми ја даде „десетката“, но ме одби. Морам да најдам друг број – рече Азар.
https://twitter.com/adejumoamos3/status/1139466298239401985
Се претпоставува дека Азар ќе ја има „седумката“ на грбот, број кој што моментно го има Мариано Диаз.
Извор: Слободен печат