Ракомет
Мохамед Салах испрати порака до ракометарите на Египет
Египет и Данска одиграа неверојатен натпревар во четвртфиналето на Светското првенство во ракомет.
На вечерашниот судир гледавме вистинска драма, две продолженија и на крајот по пенал рулетот Данска имаше повеќе среќа и напредуваше понатаму.
Овој пораз беше тежок за ракометарите на Египет, кои не можеа да ги сокријат солзите бидејќи беа на чекор од фантастичен подвиг.
Но, на крајот Данците победија по пенали и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство.
Мохамед Салах по вечерашниот натпревар им честиташе и на ракометарите на неговата земја за одличниот натпревар, и рече дека е многу горд на нив.
“Честитки за нашиот тим за историскиот натпревар. Јас сум многу горд на вас и ви посакувам многу среќа на претстојните игри”, рече Салах.
كل التحية والتقدير لمنتخبنا ورجالنا من نجوم منتخب مصر لكرة اليد على المباراة التاريخية اليوم.. فخورين جدًا بكم وبالتوفيق لكم في قادم المناسبات
— Mohamed Salah (@MoSalah) January 27, 2021