Фудбал
Мојата филозофија е да победувам, изјави новиот тренер на Реал Мадрид, па на првиот меч доживеа пораз од второлигаш (ВИДЕО)
Новиот тренер на Реал Мадрид, Арбелоа на промоцијата изјави дека неговата филозофија е секогаш да победува. Сепак, оваа изјава му се „удри од глава“ веќе на првиот меч. Имено, Реал Мадрид доживеа пораз од 3:2 и елиминација во Купот на Кралот од второлигашот Албасете. Иако многумина, пред се најверните фанови очекуваа промени и серија добри резултати со новиот тренер, сепак голема „сопка“ уште на првиот меч.