Connect with us

Ракомет

Мојсоски: „За ваучерот на Георгиевски мислам дека има грешка, верувам дека се ќе биде во ред“

Македонската јавност е револтирана поради одредени ваучери кои ги додели АМС.

Но оној на таеквондистот Дејан Георгиевски, кој минатото лето освои сребро на ЛОИ во Токио, привлече најголемо внимание, бидејки изнесуваше 350 илјади денари.

Во изјава за „Фокус“ првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, се обиде да ја објасни целата ситуација.

„За тој случај мислам дека станува збор за грешка. Во понеделник ќе има владина комисија и ќе бидат разјаснети сите недоразбирања. Такво нешто се случи и минатата година и верувам дека се ќе биде во ред“, изјави Мојсоски за „Фокус“.

Исто така, Дејан Георгиевски, денеска преку социјалните мрежи го искажа револтот, тој смета дека добил помалку пари во однос на успехот кој го постигна за Македонија.