Connect with us

Ракомет

Молк во „Јане Сандански“: Монпелје го разби Вардар

Вардар 1961 по перфектниот старт на Лигата на шампионите се сопна во дуелот со француски Монпелје (25-31) во рамки на четвртото коло во кое важеше за апсолутен фаворит на хартија.

Француски Монпелје се покажа како исклучително незгоден противник уште во самиот вовед на пресметката во Скопје, за што најдобро говори и фактот кој вели дека Вардар вечерва во ниту еден момент немаше позитива на семафорот.

Наредниот предизвик за Вардар во Лигата на шампионите ќе биде идната среда со гостувањето кај Алборг.

Пред почетокот на натпреварот уште еднаш и беше оддадена почит на Јулија Николиќ која вчера ненадејно почина ос срцев удар.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама