Connect with us

Ракомет

Моментот кога Стоилов го напушти изборот на АМС: Само кажа „срамота“ и си замина (Видео)

Најдобриот спортист на Македонија за минатата година, ракометарот Стојанче Стоилов синоќа демонстративно го напушти годинашниот избор во организација на Агенцијата за млади и спорт револтирано реагирајќи на „двојазичноста“ за време на манифестацијата.

Стоилов ја напушти манифестацијата уште при доделувањето на првите две награди за училишен и за средношколски спорт кои ги добија училишта од Чаир и од Тетово. Тетовскиот добитник на признанието на присутните им се обрати на албански, па во тој моментот Стоилов револтирано си заминал…

„Се чувствувам засрамено и понижено“ – им напишал нешто подоцна искусниот ракометар во вибер-групата на соиграчите од репрезентацијата.