Ракомет
Монпелје на крајот го „демолираше“ Нант, и стана европски шампион
Монпелје и Нант покажаа цврстина во одбраната, покажаа смиреност во нападите, го покажаа сето она што треба да го има една екипа во борбата за европски шампион. Сепак, шампион може да биде само еден, а Монпелје со победа над Нант од 32:26 во завршницата од натпреварот стана новиот европски шампион.
Нант го имаа првото водство од плус два уште на почетокот од натпреварот, но Монпелје лесно ја „стопи“ предноста на Нант, и го сврти натпреварот во своја корист.
Одличната игра која ја покажа Монпелје на полувреме му донесе предност од три гола, и на пауза замина со 16:13.
Вистинска драма се случуваше во второто полувреме. На самиот почеток, Нант стигнува до изедначување од 16:16, но во, 45. минута Марсеј повторно стигнува до плус два (23:21).
Лазаров со гол во 50. минута ја намалува предноста на Монпелје на 24:23, а потоа Гурбиндо со гол од пенал го изедначува резултатот на 24:24 на десет минути пред крајот на натпреварот.
Монпелје со серија од четири гола на пет минути до крајот го доведе Нант повторно во позиција да брка негатива и стигна до 28:24.
Катастрофалните грешки на ракометарите на Нант ги искористи противникот. Монпелје во 56.минута стигна до петтиот гол во серија за 29:24.
Мнопелје ја покажа својата сила на крајот од натпреварот, и ги искористи сите грешки на Нант. Со победата од 32:26, Марсеј е новиот шампион во Лигата на шампионите