Connect with us

Ракомет

Монпелје пресилен за Металург

Фото: Gol.mk

За разлика од минатиот викенд против Чеховски Медведи, Металург денес се прикажа во подобро издание, но Монпелје е пресилен тим за да се победи.

Францускиот тим иако настапи без неколку клучни играчи, дојде до седмата победа во Лигата на шампионите и го продолжи максималниот ефект, пишува мкд.мк

Металург беше рамноправен во најголем дел од натпреварот, неколку пати во првото полувреме беше нерешено, но на одморот Французите заминаа со два гола предност 16:14.

Финишот од натпреварот Металург беше на само еден гол негатива 22:21, но во последните минути Монпелје направи серија од 5-0 за на крајот победата да изгледа убедливо 27:21.

Пешевски, Анѓелиќ и Јагањац постигнаа по пет гола, кај Монпелје Кусе и Порт постигнаа по шест, добар беше и голманот на гостите со 14 интервенции. Арсиќ одбрани шест пати, Томовски три.

Во следното коло Металург му гостува на Бешикташ, натпреварот се игра на 18 ноември.