Connect with us

Ракомет

Монпелје загриза за Вуко Борозан

Европскиот шампион Монпелје се подготвува за реконструкција на екипата, а како едно од новите засилувања за француската екипа се споменува ракометарот на Вардар, Вуко Борозан. Француските медиуми пишуваат дека Монпелје се сериозни во нивните намери да го ангажираат Црногорецот, па најверојатно тоа ќе се обидат да го направат наредното лето.

Сепак, Монпелје за потписот на Борозан ќе треба да се соочи со Барселона, Веспрем, Кил и ПСЖ, кои исто така покажаа интерес за квалитетниот ракометар.

Во секој случај, останува да видиме како ќе изгледа Вардар во наредната сезона и какви ќе бидат амбициите, па од таму ќе дознаеме и дали Борозан ќе замине од редовите на „црвено-црните“.