Connect with us

Ракомет

Мораеш: Во Скопје нè пречекаа 200.000 фанови, си мислев дека сум во рајот!

Пред осум години, Рожерио Мораеш Фереира како 18-годишно момче, не беше професионален ракометар. Бразилецот со својата селекција се натпреварува на Светското првенство во Египет, а за сајтот на ИХФ говореше на многу теми, меѓу кои и за неговите моменти минати како член на Вардар.

„Тоа беше пресвртница во мојата кариера. Започнувајќи од ништо, па да станеш херој на многу луѓе, е многу убаво чувство. Имаше преку 200.000 луѓе кои нè чекаа на главниот плоштад во Скопје, откако ја освоивме првата титула во Лигата на шампионите. Во тој момент навистина се почувствував како да сум во рајот“, рече 26-годишниот Бразилец.

Европската авантура ја почна во Кил, а во 2016 се пресели во Вардар, со кој двапати за три години ја освои Лигата на шампионите.

„Неверојатно беше, стартував од нула, а станав миленик на многу луѓе. Неверојатно беше чувството. На главниот плоштад во Скопје имаше 200.000 луѓе кои не чекаа кога ја освоивме првата европска титула. Се чувствував како во рајот“ – вели Мораеш кој во 2019 замина во Веспрем.

Рожерио Мораеш беше далеку од професионалниот ракомет, но сега се смета за еден од најдобрите кружни напаѓачи на светот со две титули во Лигата на шампионите.