Фудбал
Мората сака да остане во Атлетико
Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората, кој играше за Атлетико во втората половина на минатата сезона како позајмен фудбалер, призна дека сака да остане во шпанскиот тим, објави Би-Би-Си.
Договорот на 26-годишниот Шпанец со Челзи важи до 30 јуни 2022 година.
– Никогаш не ми падна на памет да го напуштам Атлетико. Сакам проблемот со мојот иден клуб да се реши побрзо. Среќен сум што можам да играм за овој тим, сакам да играм тука многу години. Се разбира, тука треба да се земе предвид и друго мислење, не само моето. Има многу фактори, но јас ќе дадам се од себе да останам во Атлетико, истакна Шпанецот.
Мората сезоната што заврши настапи на 17 натпревари за Атлетико, постигна шест гола и оствари една асистенција.