Фудбал
Морничава порака пред стадионот на ПСЖ: Влаховиќ, ако дојдеш, ќе ти отсечеме три прсти
Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ ќе биде замена за Килијан Мбапе во ПСЖ, објави пред неколку дена шпанскиот весник Марка. Наводно, челниците на францускиот клуб постигнале вербален договор со напаѓачот на Јувентус и работат на комплетирање на трансферот до крајот на овој преоден рок. Најтешко ќе биде да се договори сумата која ПСЖ ќе треба да ја плати на Јувентус за да си замине Влаховиќ.
Неизвесен е статусот на Влаховиќ во Јувентус. La Gazzetta dello Sport напиша дека на клубот ќе му биде тешко да го задржи Влаховиќ доколку добие понуда од 60 милиони евра или повеќе. Српскиот репрезентативец (23) во Јувентус пристигна пред година и пол од Фиорентина за околу 80 милиони евра. Досега за торинскиот тим одигра 63 натпревари и постигна 23 гола.
Во Париз очигледно има поединци на кои не им се допаѓа таков расплет на настаните, па денеска пред Паркот на принцовите објавија грозоморна порака за српскиот фудбалер. Осум непознати мажи, кои личат на навивачи на ПСЖ, кренаа транспарент на кој пишуваше: „Влаховиќ, ако дојдеш во Париз, ќе ти отсечеме три прсти. Париз и Приштина, светски и горди“.
Честитката со три прста, која е вообичаена во Србија, е честитка со отворен показалец, среден прст и палец. Постојат неколку теории за тоа како токму овој симбол се користел како поздрав. Бројот три во православието, вклучително и во Српската православна црква, е многу важен; три прста се користат кога некој го прави крстот со гест, а бројот 3 ја симболизира и Светата Троица.
J'en ai trop marre d'eux vraiment pic.twitter.com/ML2UkcC5ub
— 𝘼𝙡𝙥𝙝α 🪄 (@Alphaapsg) July 16, 2023