Фудбал
МОЖЕН СОСТАВ: Јаховиќ, Трајковски и Чурлинов во офанзивата од првата минута
Во желба за три бода против Ерменија, новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација се чини ги склопи коцките со што го доби и новиот изглед на нашата репрезентација.
Она што вечерва можеби ќе ги изненади многумина, е тоа што Милевски ја враќа формацијата со четворица позади.
Во нападот на екипата се очекува да стартуваат Адис Јаховиќ, кој се врати во репрезентацијата, а ќе има поддршка од Дарко Чурлинов и Александр Трајковски.
Веднаш зад нив ќе игра Елмас, по што следат Барди и Спировски во средниот ред, додека во одбраната се Алиоски, Муслиу, Велковски и Ристовски, а на голот ќе биде Димитриевски.
Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија на националната арена „Тодор Проески“ во 4. коло од квалификациите за СП 2022 се игра со почеток од 20:45 часот.