Connect with us

Фудбал

МРТ прашува дали да пренесува Ливерпул – Милан и Интер – Реал Мадрид?

Македонската радио телевизија преку јавна анкета објавена во МРТ групата на Фејсбук, ги прашува гледачите кој натпревар од 1. коло од европската фудаблска елита да го емитува.

Распоредот на УЕФА во исто време стави да се играат два натпревара кои привлекуваат огромно внимание. Во среда, на 15 септември од 21:00 часот, меѓу другите, се играат и натпреварите Ливерпул – Милан и Интер – Реал Мадрид.

Во договор со ArenaSport нашата МРТ ќе има право да врши пренос од еден натпревар од секое коло, со македонски коментар. Но, 1. коло носи голема дилема: кој натпревар да оди низ директен пренос?

Анкетата за гласање е отворена 24 часа, а почна денеска од 13:00, што значи дека се затвора утре (3 септември) во истото време. Засега бројот на гласови постојано се менува, двата натпревара се блиску и постојано се менуваат во водство.