Други спортови
МТП Опен стартуваше со турнирот за јуниори
На терените на тенискиот клуб МТП во Скопје оваа година по 5. пат ќе се одржи турнир на кој воглавно учествуваат тенисери од Македонија. Но, организаторите оваа година подготвија неколку новини, па така турнирот стартуваше денеска со мечевите на јуниорите (играчи до 14 години).
– Оваа година имаме преземено нешто пообемна акција, а се надеваме дека во иднина ќе имаме деца учесници и од други држави. Следниот викенд покрај сениорскиот турнир ќе се одржи и „црвен турнир“ за деца до 10 години. Предвидени се и други настани, како и реванш меч на рекреативци од Белград и од Македонија, изјави Вилма Марковска, еден од организаторите на овој настан.
Пријавувањето на главниот (сениорски) турнир е до 1 ноември, а од информацијата од организаторите тоа веќе го имаат направено трикратниот победник Димитар Грабул и шампионот на Македонија за оваа година Горазд Србљак.