Connect with us

Тајмаут

Муралот на кралицата Елизабета е исмеан. Тие тврдат дека тој изгледа како тренерската легенда

Минатата недела почина кралицата Елизабета Втора, а нејзината смрт предизвика голем број проблеми околу натпреварите во Велика Британија.

Така голем број на натпревари беа одложени, а истото се очекува и следниот викенд кога ќе се одржи нејзиниот погреб.

Муралот насликан во чест на починатата кралица стана вистински хит на интернет, а причината е што не личи премногу на нејзиниот имиџ.

Многумина на социјалните мрежи тврдеа дека насликаната фигура повеќе личи на Сер Алекс Фергусон отколку на кралицата Елизабета Втора.

На сите начини луѓето и оддадоа почит на починатата кралица, а двајца уметници решија да го направат тоа на овој начин.

Тие насликаа голем мурал на монархијата во Западен Лондон. Тие потрошија два дена правејќи го ова уметничко дело.

Станува збор за Јигнеш Пател и неговиот братучед Јаш Пател.

„Ја сакаме кралицата и кога таа умре решивме да и оддадеме почит“, изјави Јигнеш за Би-Би-Си.

Сепак, неговиот мурал беше критикуван на социјалните мрежи, а повеќето луѓе го исмеваа поради неговата работа.

Сигурно овој уметник ќе биде разочаран поради критиките што ги доби, а сето тоа затоа што сакаше да и оддаде почит на кралицата Елизабета Втора.