Connect with us

Фудбал

Мурињо би можел во Баерн, но под еден услов

Баерн Минхен и натаму е без тренер откако му врачи отказ на Нико Ковач. Неколку имиња се спомнуваа во изминатиот период, но повеќето од нив ги одбија понудите.

Сега во игра е и Жозе Мурињо. Германските медиуми пишуваат дека тој ставил до знаење дека сака во Баерн Минхен, но сепак на Баварците им поставил еден услов без кој нема да потпише договор.

Имено, „Специјалниот“ сака договор на три сезони, бидејќи смета дека тоа е сосема доволно за реконструкција на тимот која ја планира. Клубот би го преземал кон средината на овој месец, со што подготвен би го дочекал зимскиот преоден рок.