Connect with us

Фудбал

Мурињо им кажал на пријателите: Не ја прифаќам понудата на Реал Мадрид, ја следам состојбата во Премиер лигата

По едногодишна пауза, Жозе Мурињо би можел да се врати на тренерската работа. Како што пишуваат англиските медиуми, неговата следна дестинација може да биде Тотенхем, доколку Маурисио Покетино добие отказ.

„Сан“ пишува дека „Специјалниот“ наводно на своите пријатели им рекол дека нема да ја прифати понудата на Реал Мадрид и дека ја следи ситуацијата со Тотенхем. Подготвен бил за преговори доколку Покетино добие отказ.

Мурињо во изминатиот период се поврзуваше со Баерн Минхен и Реал Мадрид, но и Арсенал. Доколку го преземе Тотенхем, тоа ќе биде трет англиски клуб за него, по Манчестер Јунајтед и Челзи. Минатиот декември Португалецот поради лоши резултати доби отказ од клупата на „Црвените ѓаволи“.