Фудбал
Мурињо не успеа да го убеди, Данецот заминува, но во Тотенхем доаѓа миленикот
Како што стојат работите, Кристијан Ериксен дефинитивно донел одлука. Ниту Мурињо не можел да го предомисли да потпише нов договор и да остане во Тотенхем. За шест месеци на Данецот му истекува договорот, па ако не во јануари за пари, во јуни ќе замине како слободен играч.
Шпанците велат дека Ериксен веќе договорил се со Реал Мадрид и следната сезона ќе го носи дресот на „Кралскиот клуб“. Во јануари, Тотенхем би го продал за 30 милиони, иако неговата цена реално е повисока.
Сепак, Тотенхем ќе се обиде да го врати миленикот Герет Бејл, кој не е во прв план кај Зинедин Зидан. Проблем во моментов се неговите високи примања, а Мурињо треба да го натера Велшанецот да се согласи на помала плата.