Connect with us

Тајмаут

Мурињо повторно ги провоцира навивачите на Србија

Жозе Мурињо пред почетокот на светското првенство прогнозираше резултати кои не му се допаднаа на навивачите на Хрватска и Србија.

Португалскиот стратег кажа дека не верува дека Хрватска и Србија ќе можат да ја поминат групната фаза што предизвика доста незадоволство помеѓу навивачите на овие селекции. Сепак, Мурињо повторно се огласи после разговорот со Немања Матиќ, но и овој пат не му „угоди“ на навивачите на „Орлите“.

„Не мислев да кажам дека Србија одма ќе отпадни и дека е лоша репрезентација. Сакам тие да испадна, а тоа се две различни работи. Зошто го сакам тоа? Па, Матиќ игра за таа репрезентација и сакам што повеќе да се одмори. Тоа секако значи дека најдобро е Србија да не ја помине групната фаза“, рече Мурињо.

Мурињо првобитно кажа дека пред Бразил никој нема шанси, а после нив верува дека Швајцарија ќе биде втора. Таа изјава баш и не му се допадна на навивачите на Србија, а сега Мурињо одлучи да објасни зошто рекол така.